Се лизна лидерот во Премиерлигата – Заха го постигна 500-от гол за Кристал Палас, Едуард имаше деби од соништата (Видео)

Тотенхем за првпат прими гол во новата сезона во Премиерлигата по 345 минути игра и за првпат и загуби, денеска со 3:0 од Кристал Палас во премиерниот меч од четвртото коло во најсилната англиска лига.

Голот на Вилфрид Заха од пенал во 75. минута го најави првиот пораз на лидерот во Премиерлигата, кој досега победуваше на сите три меча со по 1:0, а сега го загуби малото лондонско дерби со Кристал Палас со три примени гола.

https://twitter.com/Hsh1812/status/1436677638471536641?s=20

Ова беше и јубилејниот 500-ти гол за Кристал Палас во Премиерлигата.

Во 84. минута со првиот допир на топката засилувањето на Палас, Одсон Едуард го постигна својот деби гол во Премиерлигата. Интересно е што новиот играч на домаќинот влезе во игра само неколку секунди пред да биде стрелец.

Едуард имаше деби за Кристал Палас какво што веројатно ниту на сон не се надеваше и во 93. минута постигна уште еден гол, што значи дека е двоен стрелец за десеттина минути игра во дебито за новиот тим.

https://twitter.com/TopFootballShow/status/1436681657700999187?s=20

Клучен момент за големата победа на домаќините беше исклучувањето на Танганга, кој доби два жолти картони за пет минути и беше исклучен во 58. минута.

Кристал Палас ја искористи ситуацијата со играч повеќе на терен и го победи Тотенхем. Заха беше сигурен од белата точка, потоа и Едуард најави дека ќе биде големо засилување за Палас, тим што ја забележа првата победа во новата сезона во англиското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести