Се мачеа ама на крајот дојдоа до целта – Дончиќ и Словенија ја победија Белгија

Словенија одигра под очекувањата против Белгија, но дојде до посакувата цел а таа е пласманот во четврт-финалето на Евробаскетот.

Тие во „Мерцедес“ арена ја совладаа Белгија со 88:7, во меч кој што до последните пет минути беше неизвесен, а потоа Лука ја презеде одговорноста.

Најдобриот кошаркар на Словенија практично играше сам на овој меч, и да не беше тој, тогаш приказната околу победникот најверојатно ќе беше друга.

Откако се направи резултатска разлика, Лука ја „спушти рачната“ а имаше 35 уфрлени поени. Словенија го чека подобриот од мечот меѓу Украина и Полска кој што е закажан за утре од 12 часот.

- Оглас -

Најнови вести