Се мајтапат со Де Јонг, а статистика кажува дека има трипати повеќе голови за Барса од Меси

Кога Барселона го ангажираше Лук Де Јонг од Севилја на барање на сега веќе екс тренерот Роналд Куман, многумина се чудеа зошто го носат, единствено објаснување беше дека е сонародник на Куман.

Де Јонг не се прослави, па се зборува дека во Барселона веќе бараат начин како да се ослободат од него. Но, во овој период кога во тимот има многу повредени, добро им дојде Де Јонг, кој на два меча по ред дава гол.

Интересен е еден податок дека после 14 одиграни официјални мечеви во дресот на Барса, Де Јонг е поуспешен од Лионел Меси кој е прв стрелец во историјата на клубот. На 14-те меча за Барса, Де Јонг има три гола, а Меси на првите 14 настапи во дресот на каталонскиот тим даде само еден гол.

- Оглас -

Најнови вести