Се менуваат работите во Ф1, Ферстапен веќе не е прв фаворит за освојување на пол-позицијата

Трката за Големата награда на Азербејџан ќе биде во фокусот на вниманието на Формула 1 шампионатот. Се очекува денешната борба за пол позицијата да биде многу интересна и според коефициентите на дури тројца возачи им се даваат речиси подеднакви шанси да бидат најбрзи.

Ако до неодамна актуелниот првак Ферстапен се промовираше како апсолутен фаворит, сега голема конкуренција на Холанѓанецот му се Ландо Норис од Мекларен и Шарл Леклер со Ферари.

Според актуелните квоти, Норис е прв фаворит за освојување на пол-позицијата, а Ферстапен и Леклер се веднаш зад него. Сите останати возачи имаат двоцифрена квота за да бидат најбрзи.

Освен понудата за освојување на пол-позицијата, има уште многу интересни игри, па може да се комбинира освојување на пол-позиција и победа на трка, а уште поголеми квоти се дава ако некој успее да биде на пол-позиција, да победи утре на трката и да го има најбрзиот круг, што би значело апсолутна доминација.

- Оглас -

Најнови вести