Се менуваат времињата, Канада 26 години нема титула во НХЛ, а може да освои во НБА

Цели 26 години поминаа откако Монтреал канадиенс го освои Стенли купот во хокеарската НХЛ лига, повеќе од две и пол децении Канаѓаните чекаат титула во нивната омилена НХЛ, а неочекувано, сезонава може да се радуваат на прв шампионски прстен во кошаркарската НБА.

Во таа 1993 година кога Монтреал стана првак на НХЛ, во НБА немаше канадски клуб. Торонто репторс беше формиран во 1995 година, лигата од чисто американска стана лига на сите од Северна Америка, и 24 години подоцна, „рептилите“ дочекаа да дојдат на една победа од првата историска титула.

Канадските клубови имаат титули во хокеј, во фудбал, во безбол, но не и во кошарката, а во американски фудбал (НФЛ) немаат претставник.

Во хокеарската НХЛ играат седум тима: Монтреал, Торонто, Винипег, Калгари, Ванкувер, Едмонтон, Отава, но цели 26 години никако да дојдат до титулата. Ако се гледа просекот, тие треба на секои 4-5 години да освојуваат титула. Канадските тимови од 2011 не биле во големото финале, што истотака е поразително. А, во НБА има само еден канадски тим, Торонто репторс, и тие се на прагот да станат прваци. Доколку успеат, ќе се случи незамисливото: кошарката барем на одреден период ќе го засени хокејот и тоа во Канада.

 

- Оглас -

Најнови вести