Се наѕира четврт-финален мега дуел – Надал и Ѓоковиќ имаа загревање на Ролан Гарос

Ако се биде според планот, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ќе ги вкрстат рекетите во четврт-финалето од Ролан Гарос.

Двајцата најдобри тенисери на денешницата, предмалку остварија лесни победи со што се пласираа во осмина-финалето на вториот гренд слем за оваа година.

Ѓоковиќ го победи Словенецот Аљаж Бедене со 3:0 во сетови, односно 6:3, 6:3, 6:2 и во осмина-финалето ќе се сретне со незгодниот Аргентинец, Диего Шварцман.

Надал, пак исто така триумфираше играјќи три сета против Холанѓанецот Ботик ван ден Зандсклуп, но со 6:3, 6:2, 6:4 во гејмови. Во евентуалниот дуел против Новак, Рафа ќе треба да го победи Оже Алијасим.

- Оглас -

Најнови вести