19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Се најавува размена на најскапиот играч на Сити со најдобриот на Милан

Манчестер сити размислува да му упати официјална понуда на Милан за доведување на голгетерот Рафаел Леао во Англија. Во еден ваков трансфер би бил вклучен и најскапиот фудбалер во историјата на Сити, Џек Грилиш, за кого беа платени повеќе од 100 милиони евра.

Грилиш не игра на посакуваното ниво во дресот на Граѓаните, па затоа постои размислиување тој да биде дел од една невообичаена размена на играчи. Росонерите веќе некое време покажуваат интерес за Грилиш, па гигантот од „Сан Сиро“ размислуваше дури да понуди англискиот репрезентативец да дојде кај нив како позајмен.

Леао има договор со Милан до 2024 година, но има проблем околу продолжување на соработката. Напаѓачот бара во новиот договор да добива повеќе од 10 милиони евра годишна плата, а правилата во Милан се дека ниту еден фудбалер не може да има поголема плата од осум милиони евра. Токму затоа би било извесно Росонерите да го продадат играчот отколку за една година да го загубат без пари.

- Оглас -

Најнови вести