Хари Кејн ја започна третата сезона како играч на Баерн Минхен. Капитенот на англиската репрезентација блеска и во Бундеслигата во 65 натпревари има постигнато 65 гола.
Во новата сезона, Кејн во првите четири кола постигна дури шест гола. Иако се чини дека на Кејн му е одлично на „Алијанц арената“, најавите се дека голгетерот посакал да си замине.
Актуелниот договор на Кејн е до јуни 2028 година, но сè погласни се шпекулациите дека Барселона се интересира за еден од најдобрите напаѓачи во светот. Каталонскиот гигант е во потрага на играч кој ќе треба да го наследи Роберт Левандовски во нападот.
Најавите се дека Барселона уште во јануари ќе се обиде да го доведе Кејн, а ако тоа не се случи, главната офанзива ќе биде следното лето. Тогаш Баерн ќе биде и „принуден“ да го продаде Кејн ако сака од него да заработи некоја пара од трансферот.
Барселона на радарот како наследник на Левандовски го има и Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид. Неговата цена за трансфер во Барселона се проценува на 90 милиони евра.