Се најде Холанѓанец кој објасни што значи спортот во Македонија

Не стивнуваат реакциите по синоќешниот дуел меѓу Холандија и Македонија кој заврши со победа на Лалињата од 37:32. Во фокусот на овој дуел беа судиите од Данска кои досудија дури 12 пенали во корист на Холандија, а двајца македонски ракометари добија црвен картон и предвреме го напуштија теренот.

По завршување на мечот, бурно реагираа македонските фанови кои беа на трибините во „Арената Вараждин“. Тоа се навивачи кои разбираат ракомет и не можеа да останат имуни на неправдата која ни беше нанесена со судењето на данските арбитри.

Сепак, не е за бранење тоа дека на теренот беа фрлени предмети, по што реагираа ракометарите на Холандија кои избегаа од теренот кон соблекувалната. Иако во таборот на Холандија има реакции за однесувањето на македонските навивачи, пикерот Ларс Коиј имаше одлично објаснување. Коиј е ракометар кој настапува за тимот на Вардар и многу добро го знае македонскио менталитет и страста која навивачите ја имаат кон ракометот.

„Тие се комплетно поинаков свет и култура. Сѐ што прават, прават со страст. Некогаш и низ разговор изгледа како да се лути, но тоа тоа може да биде сосме нормална конверзација за нив. Но, тие се отворени и социјализирани луѓе, а во спортот сѐ е на живот или смрт. Ако победиш си бог, ако загубиш, тогаш си – ништо. Не разбирам многу, од соиграчите дознавам што се ‘добиваме’ од трибини. Игравме дерби пред четири илјади во Скопје и тоа беше посебно и прекрасно искуство“, рече Коиј по мечот со Македонија.

- Оглас -

Најнови вести