Се најде јунак да ги запре Граѓаните, Јунајтед повторно ги разочара навивачите (Видео)

Шампионот Манчестер сити по шест победи во првите шест кола, денеска го доживеа првиот пораз во сезоната во Премиер лигата. Граѓаните загубија со 2:1 на гостувањето кај Вулверхамптон.

Сити беше шокиран уште на стартот, кога Рубен Дијаш во 13-та минута си ја затресе сопствената мрежа. По примениот гол, Граѓаните тргнаа на се или ништо и успеаја во 58-та минута да дојдат до израмнување преку Хулијан Алварес.

Но, во моментите кога имаа целосна иницијатива на стадионот „Молино“, домаќинот прекѕ Хе-Чан Хванг во 66-та минута постигна нов гол за водство од 2:1.

Фудбалерите на Манчестер јунајтед ги разочараа своите навивачи губејќи од Кристал палас со 0:1 и тоа на „Олд трафорд“.

Иако пред четири дена, Јунајтед на „Олд трафорд“ славеше со 3:0 над Кристал палас во Лига купот, денеска тимот од Лондон се реваншира. Човек на одлука беше Андерсен кој голот вреден три бода за Кристал палас го постигна во 25-та минута.

Арсенал без никакви проблеми со 4:0 славеше на гостувањето кај Борнмут. Резултатот го отвори Букајо Сака во 16-та минута, а потоа од белата точка беа прецизни Мартин Одегард и Каи Хаверц.Конечниот резултат го постави Бен Вајт.

Триумф пред своите гледачи оствари и Њукасл и тоа од 2:0 против Барнли. Мигел Алмирон во 14-та минута го отвори резултатот, а победата ја завери Александер Исак во 76-та од пенал.

Вест хем беше сигурен пред своите гледачи и славеше со 2:0 против Шефилд јунајтед, додека Лутон приреди изненадување и со 2:1 го совлада Евертон.

- Оглас -

Најнови вести