Се најде јунак да го сопре Баер Леверкузен

Баер Леверкузен ја прекина низата од 14 победи по ред во сите натпреварувања откако одигра 1:1 во дербито против Борусија Дортмунд. И по ова реми, Баер останува лидер на табелата со 35 бодови, три повеќе од Баерн Минхен, додека Штутгарт е трет со 30 бодови. Борусија Дортмунд има 25 бодови и е на петото место на табелата.

Гостите од Дортмунд одлично го започнаа дербито и поведоа со голот на Риерсон во петата минута од мечот. Потоа следуваше офанзива на Леверкузен, кој даде гол во 45 минута, но беше поништен поради офсајд. И во вториот дел продолжија домаќините да напаѓаат и на крајот тоа резултираше со погодок во 79 минута кога Бонифејс израмни на 1:1.

Тимот од Леверкузен упати дури 22 шута гон голот на гостите кои беа орјентирани на одбрана, а на крајот Милионерите го најдоа „лекот“ да го сопрат побендичкиот низ на Фармацеврите.

- Оглас -

Најнови вести