Барселона конечно е поразена во Евролигата по сјајната серија од пет победи, а први лидерот го совладаа кошаркарите на Армани Милано.
Италијанскиот состав ја декласира гордоста на Каталонија со 83:70 и се приклучи во водешкито трилинг со биланс 5-1, во кој се и ЦСКА Москва и Барса.
Серхио Родригес со 17 поени и Владимир Мицов со 16 го предводеа домашниот тим до важна победа. Уште само ветеранот Луис Скола со 14 поени ја мина двоцифрената граница, но и тоа беше доволно да се освојат бодовите.
Во првиот пораз на Барселона најефикасни беа Брендон со 15 и Миротиќ со 13 поени.