Се најде јунак во Реал што ќе го носи дресот со бројот на Рамос

Давид Алаба од денеска и официјално е нов играч на Реал Мадрид. Австрискиот репрезентативец успешно ги помина лекарските прегледи и потпиша договор.

Играчот кој дојде од тимот на Баерн Минхен и е синоним за освојување на трофеи, со Реал потпиша договор во следните пет сезони, а годишно ќе заработува по 12 милиони евра.

Алаба ја доби честа да го носи дресот со бројот 4 кој во изминативе 10-тина години беше резервиран за досегашниот капитен Серхио Рамос, кој замина во Пари Сен Жермен.

 

- Оглас -

Најнови вести