И официјално, на 18 април 2020 година во Бруклин, ќе се одржи битка за светската титула во Ултимејт фајт во лесна категорија помеѓу првакот Хабиб Нурмагомедов и предизвикувачот Тони Фергусон.
Менаџерот на Хабиб, Али Абделазиз, потврди дека рускиот борец веќе ставил потпис на договорот за пресметка со Фергусон.
Популарниот руски Орел и Тони конечно ќе се најдат еден против друг во октагонот, откако претходно поради повреди на едниот или другиот, нивните дуели дури четирипати беа откажувани.
Многумина веруваат дека Фергусон, кој има 12 победи по ред, но и три порази во кариерата, има одговор за стилот на Хабиб и може да го победи Дагестанецот, но Хабиб има 28 победи и не знае за пораз во кариерата, па ќе важи за благ фаворит.