Се најде клуб и за Озил – Арсенал го праќа на позајмица

Фенербахче и Арсенал се блиску до договор за позјмица на Месут Озил, кој ќе се се пресели од Лондон во Истанбул. Турскиот гигант е заинтересиран, но не може да ја израмни платата што ја има екс-германскиот репрезентативец во Арсенал, па солуцијата е да биде позајмен.

Озил има месечна плата од 400 илјади евра, што беше и главната пречка досега за негов трансфер. Во Арсенал има многу проблеми во последно време, а се вплетка и во политички коментари и проблеми, па и топчиите сакаат да се разделат со Озил.

Сезонава 31-годишниот играч од средниот ред настапи на 11 натпревари за Арсенал и сè уште нема постигнато гол, а има само две асистенции.

 

 

- Оглас -

Најнови вести