Се најде мангуп кој успеа да го „сруши“ обезбедувањето на Меси (Видео)

Интер Мајами со победа од 3:1 го започна подготвителниот период за новата сезона во САД. Гостувањето на Интер Мајами во Панама и фактот дека на теренот беше и Лионел Меси, направи луѓето од обезбедувањето да имаат многу проблеми.

Не беше мал бројот на навивачи кои едноставно сакаа да го допрат, да се фотографираат или да бидат во близина на Меси. Еден навивач кој втрча на теренот, пред себе го здогледа обезбедувањето на Меси, но на неверојатен начин сепак успеа да го избегне и да го прегрне Аргентинецот.

Човекот кој е задолжен да го обезбедува Меси и е негова верна сенка надвор, но и на теренот, е поранешен професионален војник и речиси без грешка ги „лови“ сите оние кои ќе втрчаат на теренот и сакаат да дојдат до Меси. Овојпат професионалниот војник беше надмудрен, дури и „соборен“ на земја. Човекот кој го обезбедува Меси има годишна плата од три милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести