35.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Се најде шампион да ја сопре серијата на Анадолу Ефес (Видео)

Актуелниот европски првак Реал Мадрид ја сопре серијата од четири победи на одличниот тим на Анадолу Ефес и славеше со 92:84.

Гостите пристигнаа во Мадрид во победничко расположение, но се сопнаа против гигантот. По првиот дел беше израмнето, 42:42, но следните две четвртини ги добија домаќините и победија со разлика од 8 поени.

Ентони Рендолф со 24 поени и Серхио Љуљ со 19 поени беа главните актери за 16-тата победа на Реал во 20 натпревари во Евролигата. Кај гостите од Анкара се истакнаа Василије Мициќ со 21 поен и Тибор Плајс со 15 поени.

И во останатите три меча што се играа денеска, победите се за домашните екипи. Фенербахче го победи Олимпијакос со 90:75, Макаби во Тел Авив беше подобар од вториот грчки тим во Евролигата, Панатинаикос, и славеше со 84:75, а и Милано победи на свој терен со 80:70 против Жалгирис.

- Оглас -

Најнови вести