Екипата на Реимс успеа да одигра нерешено 1:1 во дуелот со актуелниот француски првак Пари Сен Жермен, во петото коло од домашното првенство. Ова е прв меч на кој ПСЖ не победува сезонава во Лига 1.
Уште на самиот почеток, односно во деветат минута Реимс најави дека е подготвен да изненади. Накамура погоди за голема радост на домашните фанови и тоа уште во деветата минута. Водството на Реимс траеше во 68 минута.
Дембеле кој во игра влезе во 65 минута, неполни 200 секунди подоцна даде гол за израмнување на 1:1. И по овој кикс, Светците остануваат лидери на табелата во првенството.