Се најдоа јунаци од Верона што си заминаа без пораз од „Диего Армандо Марадона“

Наполи за првпат сезонава во Серија А не победи на домашен терен, на „Диего Армандо Марадона“, а јунаци се играчите на Верона, кои први освоија бод во Неапол.

Сè што беше значајно вечерва се случи за пет минути на стартот од мечот, а гостите дури имаа и предност со голот на Џовани Симеоне во 13-тата минута.

За Наполи да избегне прв пораз во Калчото сезонава, се погрижи Џовани ди Лоренцо со погодок во 18-тата минута и потоа мрежите мируваа до крајот на мечот што се играше на „Диего Армандо Марадона“.

Сега Наполи има пет победи и едно реми на свој терен, или вкупно 10 победи и две нерешени на врвот на табелата со 32 бода. Елиф Елмас играше од 62-рата минута, но не успеа да помогне Наполи да ја задржи максималната серија на домашен терен.

Верона во финишот на мечот играше со деветмина играчи, по исклучувањата на Беса во 88-мата минута и на Калиниќ во последните моменти.

Во вториот меч што се играше од 18 часот, Лацио убедливо со 3:0 ја победи Салернитана.

 

 

- Оглас -

Најнови вести