Се најдоа пет „плусови“ од вкупно 56 кошаркари во НБА-понудата на Sport Life

8446 Џејмс Харден (Сакраменто кингс – Бруклин нетс, 04ч)

Во претходните два меча во кои не играше Кевинд Дурант, поголемиот дел од товарот го презеде Ирвинг, додека Џејмс Харден едноподруго реализираше за него скромни 19 поени.

Време е Брадата да покаже зошто беше најдобар поентер во НБА во изминатите три сезони и да експлодира против Сакраменто, тимот кој во меѓувреме му стана редовен пациент на Нетс.

На Харден му се бараат најмалку 29 поени, кои и тоа како може да ги забележи доколку го намести нишанот.

Предлог тип: Харден >28,5 поени (1.87)

 

8359 Џулиус Рендл (Њујорк никс – Атланта хокс, 01:30ч)

Преродбата на Њујорк продолжува, а со тоа и настапите на Џулиус рендл од меч во меч се на повисоко ниво. Крилниот центар е меѓу најефикасните играчи на Никси, а сега откако искусниот Роуз се врати во екипата, Рендл уште повеќе ќе биде „хранет“ со топки во рекетот.

Со цел Њујорк да го задржи победничкиот ритам, потребно е Рендл да го надмине својот просек oд 22 поени по натпревар, а воедно и да ја продолжи серијата против Атланта на три добиени средби во низа.

Предлог тип: Рендл >21,5 поени (1.87)

 

8391 Донован Мичел (Јута џез – Филаделфија севентисиксерс, 03ч)

Јута покажа дека е меѓу главните фаворити за титулат, откако екипата повторно влезе во долга победничка серија, а по ред ги „изгази“ Бостон, Мајами и Милвоки.

Во тие дуели Мичел беше лидер на Џезерите и редовно го надминуваше својот овосезонски просек од 24,2 поени по натпревар.

Сега треба да продолжи да игра на високо ниво и против незгодниот состав на Сиксерс, кој има само две победи во последните пет натпревари.

Предлог тип: Мичел >26,5 поени (1.87)

 

8401 Стеф Кари (Голден стејт вориорс – Кливленд кавалирс, 04ч)

Воините никако да влезат во победнички континуитет и покрај тоа што Кари им прави доста проблеми на противничките екипи. Затоа ова е меч во кој мора да се триумфира, со оглед на тоа дека Кливленд минува низ кризен период во кој претрпе седум порази, од кои четири од нив се на гостински терени.

Кари повеќе од една и пол година нема играно против екипата која му конкурираше за титулата пред неколку сезони, кога во редовите на Кавалирс беше Леброн Џејмс, па за да се потсети на убавите времиња, би требало да ја надмине индивидуалната граница.

Предлог тип: Кари >30,5 поени (1.87)

 

8418 Џими Батлер (ЛА клиперс – Мајами хит, 04ч)

Батлер игра во променлива форма откако се врати од повредата, но познато е дека му одговара кога на спротивната страна пред себе има доминантен противник. Ноќеска тој ќе му биде Кавај Ленард, кој пак ќе го нема помошникот Пол Џорџ за овој меч, па затоа му се остава простор на Батлер да блесне против Клиперс.

Подвиг на Батлер може да му го отвори патот на Мајами кон нова победничка низа, која ја сопре Јута претходната ноќ по четири наредени триумфи. Треба да се знае дека и Клиперси се разиграа, што ќе биде мотив повеќе за Џими да биде опасен.

Предлог тип: Батлер >21,5 поени (1.87)

- Оглас -

Најнови вести