Синоќа во дербито во Сан Марино, Тре Пене беше подобар од Ла Фјорита со 2-0, што за Ла Фјорита беше прв пораз сезонава.
После овој меч, останаа само уште седум фудбалски тимови во Европа кои немаат пораз во домашните лиги во 2025/2026. Еден од нив е скопски Вардар.
Покрај Вардар, непоразени се и Тре Пене од Сан Марино, португалските Порто и Бенфика, Славија Прага од Чешка и турски Фенербахче. Клаксвик од Фарски острови веќе ја заврши сезоната без пораз, па чека дали уште некој ќе му се придружи во подвигот.

