20.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Се наоѓа во срцето на Азија, но Каират ќе игра во Лигата на шампионите на УЕФА

Фудбалерите на Каират Алмати изборија историски пласман во групната фаза на Лигата на шампионите откако го елиминираа Селтик во плејоф-рундата. Двата натпревари завршија без голови, но Казахстанците славеа со 3-2 по изведување пенали. Со ова Каират стана најисточниот тим во историјата на групната фаза на ЛШ.

Не му беше лесно на Селтик. Шкотскиот клуб патуваше 5.692 километри до Алмати, а слична ситуација ќе има и секој противник кој ќе им се најде на патот во Лигата на шампионите.

Каде се наоѓа Алмати?
Алмати се наоѓа блиску до границата со Киргистан и Кина, во срцето на Азија. Градот е источно од Иран, Авганистан и поголемиот дел од Пакистан и е приближно на истата географска линија како централна Индија. Најблиското европско гостување во ЛШ би било Истанбул, на околу 4.000 километри, додека до Пекинг има „само“ 3.200 километри.

Интересно е дека растојанијата меѓу Алмати и неговите противници во Лигата на шампионите се толку големи што при пронаоѓање на најкраткиот пат на мапа, може да се забележи закривеноста на Земјата.

Зошто Казахстан во Лигата на шампионите?
Многумина се прашуваат зошто Казахстан се натпреварува под закрилата на УЕФА. По распадот на Советскиот Сојуз, Казахстан првично беше член на Азиската фудбалска конфедерација. Во 2002 година премина во УЕФА бидејќи делумно географски ѝ припаѓа на Европа. Планината и реката Урал ја одредуваат границата, а региите Орал и Атирау се западно од линијата.

Казахстан, како и други трансконтинентални нации, Русија, Турција и Ерменија, учествуваат во европските натпревари. Првите обиди за приклучување беа направени уште во 1996 година, со цел геополитичка соработка, подобрување на фудбалот и поврзување со најразвиените европски земји. Астана, најуспешниот клуб во земјата, веќе играше во групната фаза на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести