Само 10,4 отсто од играчите кои досега се изјаснија веруваат дека Рома може да слави на гостувањето кај Јувентус во едно од дербијата на второто коло на предизвикувачката и бесплатна Спортска прогноза на СпортМанија и Sport Life.
За победа на Јуве, типувале 55,39 отсто од прогнозерите. Но, типувањето трае до сабота во 15.30 часот, секој учесник дотогаш може и да смени некоја прогноза, па процентите може и драстично да се сменат.
Најголем фаворит на прогнозерите засега е Вилјареал, кој гостува кај Хетафе. Прогнозерите го потценија Вилјареал во минатото коло, само 1,66 проценти погодија дека Жолтата подморница ќе го победи Атлетико во Мадрид, па сега навалија да типуваат во полза на тимот од предградие на Валенсија.
За погодена Тринесетка во секое коло, сами можете да си одберете подарок од понудените три варијанти – Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен тротинет, X Box Series X.
Како и секогаш, се наградуваат и утките, па со еден промашен пар се добива ваучер од 1.000 денари од Sport Life, а за погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.