Се насмевнува баражот за СП 2026, Македонија со рекордни 441 минути без примен гол

Македонската фудбалска репрезентација дури 441 минути нема примено гол, и тоа е нов рекорд во историјата на нашиот А тим.

На последните четири средби едноподруго Столе Димитриевски е несовладан, последен пат ја вадеше топката од мрежа во септември кога гостувавме кај Фарски острови и тоа во 9-тата минита од тој меч кога Македонија прими гол од пенал. Од игра, Македонија нема примено гол сезонава во Лигата на нации.

Првпат во историјата имаме и низа од четири победи по ред, сите без примен гол, и првпат ќе играме во Лига Б од Лигата на нации каде има одлични репрезентации, досега бевме или во Лига Ц или Лига Д.

Плус тоа, ни се насмевнува баражот за Мундијалот во 2026 година. Во врска со ова работите не зависат само од нас, но Црвено-жолтите имаат реални шанси за такво нешто, особено ако го победиме и Фарски острови по можност со што подобра гол-разлика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести