Се навикнавме на високи порази: Македонија и од Русија загуби со двоцифрена разлика

Уште пред да започне мечот, јасно беше дека Македонија ќе загуби од Русија на ракометниот Мундијал во Египет, а непознато беше само конечниот резултат. На крајот, по 60 минути игра Македонија – Русија 20:32. Ова е четврти пораз пораз со двоцифрена разлика на Македонија во Египет. Во петиот меч, го победивме Чиле со три разлика.

Уште од самиот почеток, Русите започнаа фуриозно и по 13 минути имаа високо водство од 7:1, што само беше најава дека следува нов висок пораз на Македонија. Зборнаја продолжи во исто темпо, па до полувремето стигна и до двоцифрена предност (19:9).

Македониај добро го отвори второто полувреме и со серија од 3:0 намали на 12:19. Русите првиот гол во вториот дел го дадоа дури во седмата минута, но потоа повторно ја превземаа контролата на играта.

Раритет за овој меч е тоа што капитенот Кирил Лазаров не постигна ниту еден гол. Ветеранот го започна мечот, ги промаши трите шута кои ги упати, а потоа седна на клупата и им остави шанса на младите да се „челичат“ и да стекнуваат искуство на големите натпреварувања.

Најпрецизен кај Македонија беше Кузмановски со шест гола, а Серафимов погоди четири пати. До крајот на групната фаза, Македонија задутре треба да одигра само уште со Белорусија.

Фото: handballegypt2021

 

- Оглас -

Најнови вести