Кошаркарите на Индијана пејсрес и вторпат славеа на гостински терен кај Њујорк никс, овојпат со 109-114 и дојдоа до убедливи 0-2 во финалната серија на Источната конференција. Серијата сега се сели во Индијана, па Пејсерси со две победи, ќе слават пласман во големото финале на НБА лигата пред своите гледачи.
Првото полувреме мина во знакот на домашната екипа, која во поголемиот дел имаше водство, а на паузата замина со предност од 52-49. Индијана не му дозволи на противникот да се одлепи, па откако направи пресврт, во последните три минути влезе со водство од 110-100, предност која се покажа како недостижна за Њујорк.