Се наѕра англиско финале во Билбао: Јунајтед и Тотенхем ги убедливи против Атлетик и Бодо (Видео)

Манчестер јунајтед и Тотенхем веќе може да се подготвуваат за големото финале во Лигата на Европа во Билбао, откако славеа убедливи победи над Атлетик и Бодо/Глимт на првите натпревари од полуфиналето на второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Освојувачот на Лигата на Европа има загарантирано место во Лигата на шампионите за следната сезона, па единствен спас за катастрофаланата сезона во Премиер лигата за двете екипи е да го освојат ова натпреварување.

„Црвените ѓаволи“ со убедливи 0-3 славеа над Атлетик Билбао на гостински терен, на стадионот каде ќе се игра и големото финале. Каземиро во 30-тата минута го доведе Манчестер јунајтед во водство, а Вивиен во 35-тата доби црвен картон и го остави Атлетик со играч помалку на теренот. За истата ситуација беше досуден и пенал, кој во гол го претвори Бруно Фернандеш. Токму капитенот на „црвените ѓаволи“ во 45-тата минута зголеми и на убедливи 0-3, што на крајот се покажа и како конечен резултат на мечот на „Сан Мамеш“.

Убедлив беше и Тотенхем против Бодо/Глимт, победувајќи со 3-1 пред своја публика. Сепак, екипата од Лондон може да жали бидејќи до самиот финиш имаше и убедливи 3-0 со головите на Џонсон, Медисон и Соланке, но гостите во 83-тата минута преку Салтнес намалија на 3-1 и колку толку ги задржаа шансите за влез во финалето.

- Оглас -

Најнови вести