Се нижат поразите, Металург загуби и од Татран Прешов (24:29)

Македонскиот вицешампион Металург претрпе нов пораз, трет во трите натпревари во Лигата на шампионите, вечерва од Татран Прешов со 24:29.

Гостите од Словачка го скршија отпорот на нашиот претставник во последните 15 минути, па на крајот победија со пет голови разлика.

На полувремето Татран Прешов имаше еден гол предност, 13:12, а потоа успеа да ја задржи и зголеми предноста за максимален учинок и трета победа во ЛШ. Словаците немаат пораз во новата сезона, за разлика од Металург, кој нема победа на седум меча во новата сезона.

Кај поразениот тим со по пет погодоци најефикасни беа Јагањац, Танкоски и Серафимов, а кај гостите се истакнаа Бабиќ со шест погодоци и Лапајне со четири.

- Оглас -

Најнови вести