Се обиделе да препродадат билети за финалето во ЛШ, па Тотенхем ги казни

Тотенхем суспендираше тројца нивни навивачи со сезонски билети кои се обиделе да препродаваат билети за финалето во Лигата на шампионите. Препродажба на билети е забрането со закон, а клубовите мора да се придржуваат до тоа правило и воедно да реагираат при ваков акт, па на тројцата навивачи сега им е забрането да ги обноват сезонските билети за домашните натпревари во Премиер лигата и воедно немаат пристап до нивниот стадион на неопределено време.

„Повторуваме, ги предупредуваме сите наши фанови да се придржуваат до правилата. Сите кои успеале да обезбедат билети за финалето, да ги искористат само за таа намена, а не да се обидат да профитираат со нелегална препродажба. Наше е да ги преземеме најригорозните мерки во вакви ситуации, што значи дека секој кој ќе се обиде да заработи од препродажба на билети, ќе добие забрана за влез на нашиот стадион на неопределено време. Воедно, доколку ги најдеме препродадените билети, тие ќе бидат неважечки, така што не ќе може да се искористат за влез на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид за време на финалето“, стои во соопштението на Тотенхем.

Тимот од Лондон на 1 јуни ќе се сретне со Ливерпул во Мадрид во битка за европската круна, што ќе биде нивно прво појавување во едно големо финале во континенталнито натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести