Се обложувале на меч во Украина кој никогаш не се одиграл

Голем скандал го тресе украинскиот фудбал и тоа во време кога првенството е во мирување. Додека нема фудбал, направена е измама со тоа што во обложувалниците биле примани облози на меч кој никогаш не се одиграл.

Се работи за „дуел“ меѓу нисколигаши, а бил во понудата на обложувалниците во Европа и светот. Некој провајдер продавал информации за текот на пријателски меч од „Азов купот“, па дури имало и обложување во живо, а екипите на Лозоватка и Мелитопластика Черешнаја воопшто не играле. Информацијата вели дека овој натпреварот кој никогаш не се одиграл, завршил со резултат 4:1.

„Не можам да поверувам дека се случило вакво нешто. Имаме истрага која треба да покаже кој им ги давал тие информации на обложувалниците за мечот кој никогаш не се одиграл“, вели шефот на комитетот за етика и ферплеј Франчиско Баранка.

Од двата посочени клуба потврдуваат дека не одиграле таков меч и дека се работи за измама.

- Оглас -

Најнови вести