Се очекува Дончиќ да продолжи да испишува историја во НБА

8599 Лука Дончиќ (НБА, Далас – Торонто, 01.30 часот)

Лука Дончиќ е неверојатен на почетокот од сезоната и успеа да собори рекорд на Мајкл Џордан. Дончиќ на првите седум натпревари сезонава постигна повеќе од 30 поени и го помина легендарниот Џордан, кој застана на шест меча, а вечерва има шанса да го зголеми рекордот. Словенецот и неговиот Далас играат против Торонто репторс, а сите знаат кој ќе биде во главната улога на овој меч. Дончиќ има просек од 36,1 поени по меч сезонава и се очекува и осми натпревар по ред да постигне повеќе од 30 поени, иако против себе ќе го има еден од најдобрите дефанзивни тимови во НБА-лигата.

Предлог тип: >30.5 поени (1.85)

 

8490 ЛА Лејкерс – Јута џез (НБА, 03.30 часот)
Лос Анџелес лејкерс игра очајно на стартот од сезоната, која започна со пет порази по ред, а впечатокот го поправи на последните два меча на кои славеше. Лејкерси играат против Јута џез, која иако остана без првата ѕвезда Донован Мичел, одлично ја започна сезоната. Џезерите имаат шест победи и три порази и се наоѓаат на третото место во Западната конференција. Лејкерси предводени од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис полека влегуваат во ритам и на последните три меча постигнаа 343 поени, додека Јута просечно постигнува по 115,6 поени по натпревар и е 10-та најефикасна екипа во НБА.

Предлог тип: >227.5 поени (1.81)

 

8446 Бади Хилд (НБА, Индијана – Мајами, 00.00 часот)

Индијана пејсерс е четврта најефикасна екипа во НБА-лигата која просечно дава по 117,6 поени по натпревар, а еден од лидерите на тимот е бекот Бади Хилд. Хилд сезонава има просек од 17,8 поени, а има одличен процент на погодени тројки (42,7) и тоа му е едно најсилните оружја.
Вечерва Индијана игра против Мајами, а бидејќи првиот стрелец на тимот Тајрис Халибартон се очекува да биде чуван од Џими Батлер, кој важи за еден од најдобрите дефанзивци во лигата, поголема улога во нападот треба да има Хилд и би требало да го надмине својот просек.

Предлог тип: >17.5 поени (1.90)

 

8487 Њу Орлеанс пеликанс – Голден стејт вориорс (НБА, 01.30 часот)

Шампионот Голден стејт вориорс лошо ја започна сезоната и има скор од 3-6, а вечерва игра против Њу Орлеанс, кој пак одлично тргна и е осми на Западот со четири победи и три порази.
Воините сè уште немаат победа на гостински терен, ги загубија сите пет меча, но сепак се тим кој постигнува најмногу поени по натпревар, 118,3. Веднаш зад нив е токму Њу Орлеанс со 118,3 поени по меч, и поените се загарантирани вечерва.

Предлог тип: >232.5 поени (1.81)

 

8599 Ивица Зубац (НБА, Сан Антонио – ЛА клиперс, 01.30 часот)

Лос Анџелес клиперс има големи проблеми со реализацијата бидејќи тренерот Тајрон Лу не може да смета на најдобриот играч Кавај Ленард. Во негово отсуство, лидерската улога ја презеде Пол Џорџ, но има голема помош од хрватскиот центар Ивица Зубац, кој одлично ги користи минутите поминати на паркетот. Зубац просечно игра по 28,8 минути по меч и има просек од 9,1 поен со реализација од 58,8 отсто од игра и медиумите во САД сметаат дека тренерот Лу треба да му даде поголема минутажа, со што и бројките би се зголемиле во корист на Хрватот.

Предлог тип: >10.5 поени (1.90)

- Оглас -

Најнови вести