Голгетерска вечер во квалификациите за ЛЕ и ЛК

6831 Фиорентина – Твенте (21 часот, квалификации ЛК)

Твенте е далеку поразигран од Фиорентина бидејќи веќе одигра четири официјални средби во кои забележа победи, додека пак Виолетовите изминатиот викенд се мачеа против Кремонесе во премиерната победа од новата сезона во Серија А.

Квалитетот и шансите сепак се на страната на тимот од Фиренца, а ова ќе биде прва меѓусебна средба на двете екипи. Напаѓачкиот фудбал на Твенте може да биде добар знак за Фиорентина бидејќи така се очекуваат голови на двете страни.

Инаку Фиорентина доколку го добие овој двомеч, ќе биде еден од фаворитите за освојување на Конференциската лига.

Предлог тип: 1X & 3+ (1.95)

 

6729 Јанг бојс – Андерлехт (19 часот, квалификации ЛК)

Ова се едни од најзвучните имиња во плејоф-фазата од Конференциската лига, но само една екипа ќе игра во групите. Дуелот кој ќе се игра под арбитражата на македонскиот судија Александар Ставрев треба да биде исполнет со голови и доста возбудувања.

Јанг бојс од средината на јули ги започна официјалните обврски и има речиси перфектен скор со седум победи и две ремија, додека Андерлехт нанижа четири триумфи по поразот од Серкл Бриж во белгиското првенство.

Првпат ќе ги одмерат силите, па затоа е најдобро да се типува на голови.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.91)

 

6723 Вилјареал – Хајдук Сплит (20:45 часот, квалификации ЛК)

Хајдук со Јани Атанасов се наоѓа пред тешко гостување и воопшто тежок двомеч против Вилјареал, освојувачот на Лигата на Европа од сезоната 2020/21. Жолтата подморница веќе се гледа како учесник во групите, понесена од квалитетот и експертот за европски натпреварувања кој седи на клупата, Унаи Емери.

Хајдук ќе влезе во мечот со лоша форма од два порази од Гимараиш и Динамо Загреб од хрватското дерби, а Вилјареал има цел да ја пренесе формата од убедливиот триумф над Валјадолид во премиерното коло од Ла Лига.

Предлог тип: 1 & 1+I 1+II (2.01)

 

6028 Днипро – АЕК Ларнака (20 часот, квалификации ЛЕ)

АЕК со Иван Тричковски во нападот ќе атакува на пласман во Лигата на Европа, а Днипро е последната пречка на кипарскиот тим. Нема фаворит во вечерашниот дуел според квотите во Sport Life, двете екипи имаат еднакви шанси за победа.

За Днипро ова е прв официјален меч во сезоната, АЕК е веќе разигран по квалификациите во ЛШ како и двомечот кој го доби против Партизан во претходното коло, но забележа само една победа во вкупно четири средби.

Според учинокот на двете екипи од изминатиов период, може да се претпостави дека голови вечерва нема да недостасуваат.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.45)

 

6024 Австрија Виена – Фенербахче (21 часот, квалификации ЛЕ)

Се очекува деби на Езѓан Алиоски во дресот на Фенербахче, а ние посакуваме кариерата во редовите на турскиот гигант да му тргне со победа.

Сепак, тимот од Виена знае да биде незгоден противник, иако не е во најдобра форма – Австрија ја отвори новата сезона со две победи, два порази и реми. Фенер, пак, по елиминацијата од Динамо Киев, се подобри и оствари два триумфи и исто толку ремија, а со декласирањето над Касимпаша во претходното коло од турскиот шампионат, фудбалерите на Жорж Жесус најавија дека се подготвени за вечерашниот дуел.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2.03)

- Оглас -

Најнови вести