Новото, осмо коло на Спортска прогноза кое од вчера е достапно за прогнозирање не располага со дерби-натпревари како претходното, но е еднакво предизвикувачки да се погодат сите 13 пара за да се стигне до посакуваниот „ајфон 11“.
Се става акцент на средбата меѓу старите ривали кои ќе се сретнат на „Олд Трафорд“ во претстојниот викенд, тоа се Манчестер јунајтед и Арсенал, кои дефинитивно ќе атакуваат по потребните бодови за поправање на учинокот во англиската Премиер лига.
Колото почнува со интересен меч меѓу Алтетик Билбао и Севилја, каде што повеќе шанси му се дава на последниот освојувач на Лигата на Европа. Последниот дуел од осмото коло е Лидс – Лестер и нема сомнежи дека ќе биде атрактивна средбата во која би требало да учествува и Езѓан Алиоски.
За главната премија потребно е да се погодат сите 13 пара, тоа е веќе познато, а секако следуваат ваучери од Sport Life за промашен еден, односно два пара, а вкупниот учинок влегува во Генералниот пласман.
Учеството е бесплатно, а за го видите комплетното осмо коло искористете го копчето ПРОГНОЗИРАЈ.