Се очекуваат многу неизвесни дуели во НБА, може ли да има некои и со продолжувања?

Возбудувањата во најсилната кошаркарска лига во светот ќе започнат во 18 часот со пресметката меѓу Кливленд и Бостон, а вкупно четири меча ќе започнат пред полноќ. На осум од последните 10 дуели меѓу Кливленд и Бостон, на победата се радувале Селтикси. Кливленд со помош на домашната публика ќе се обиде да слави, но овде може да биде неизвесно до последниот момент.

Уште неколку средби се „означени“ како израмнети барем според квотите кои немаат голема разлика. Мајами кој е во серија од четири победи и е на седмото место на Истокот е домаќин на Детроит кој има три порази по ред, но уште е екипата со најдобар биланс на Истокот. Од последните шест меча на овие ривали, два пати имало продолжение што само потврдува дека треба да биде неизвесно.

Во понудата за плус-минус поени на играчите има безмалку 100 кошаркари кои вечерва треба да излезат на десетте терени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести