-7.2 C
Skopje
понеделник, 12 јануари 2026

Се очекуваат три победи на домашните и три победи на гостинските екипи

Во НБА-лигата ноќеска ќе се одиграат шест натпревари, а интересно е дека фаворитска улога имаат три домашни и три гостински екипи. Кливленд има низа од четири победи против Јута и сега се очекува лесно да стигне и до петиот триумф во низа против овој ривал.

Без мнгоу проблеми треба да биде и Далас, кој пред своите фанови ќе игра против Бруклин. Мрежичките се во лоша форма и загубија шестпати во последните седум меча, а ниту традицијата во дуелите против Маверикс не е на нивна страна. Далас има седум победи во последните осум пресметки со овој ривал.

Лос Анџелес клиперс има неверојатни 15 победи по ред во дуелите против Шарлот и тоа е една од најдолгите низи за пресметки на два клуба.

Во понудата за „плус-минус“ поени има над 60-мина кошаркари. Џоел Ембид треба да даде барем 24 поени за да биде во плус, границата на Лука Дончиќ е на 35,5 поени, а на Леброн Џејмс е на 22,5 поени.

- Оглас -

Најнови вести