19.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Се очекуваат три „сигурни“ победи на домаќините, а еден тим треба да ја спаси честа на гостите

Ноќеска во НБА-лигата ќе се играат четири меча, а интересно е дека според коефициентите, на три средби треба да победат домаќините, и тоа без многу проблеми.

Индијана е домаќин на Торонто, a Пејсерси имаат четири победи во последните пет средби. Дури и ако се гледа традицијата, Индијана е фаворит затоа што Торонто само еднаш во последните пет меча се радувал над овој ривал.

Њујорк не смее да си дозволи луксуз и во „Медисон сквер гарден“ треба да биде подобар од Детроит. Гостите се најслабиот тим во лигата и имаат само осум победи во 56 средби.

Сакраменто игра против Мајами и домаќините се фаворити. Единствено на дуелот Мемфис – Бруклин гостите треба да бидат поблиску до победата, но и тоа не мора ништо да значи затоа што победата се заработува со игра на теренот, а не според квотите.

Во понудата има и над 30-мина кошаркари за играта „плус-минус“ поени, што е посебно привлечна за стручњаците на НБА-лигата.

- Оглас -

Најнови вести