Се одбројува до стартот на новата сезона, која првпат ќе биде со ваков распоред

По неколку месеци пауза, викендов започнува новата, 75-та сезона во Формула 1 шампионатот. Трката за Големата награда на Бахреин е прва на листата, а интересно е дека сезоната ќе започне со трка која ќе се вози во сабота, а не во традиционалниот неделен термин.

Официјалните тренинзи ќе започнат в четврток, квалификациите за пол-позицијата ќе бидат следниот дел, а в сабота на 2 март ќе биде и трката.

Интересно е дека и втората трка која е на распоредот ќе биде во иста шема. Од 7 до 9 март ќе биде програмата за големата награда на Саудиска Арабија. Ова е првпат во историјата на Ф1 првите две трки да се возат во саботен термин, што веќе ја прави оваа нова сезона посебна.

Оваа сезона ќе биде и рекордна затоа што за првпат ќе се возат дури 24 трки. Макс Ферстапен од Ред бул е актуелен шампион во Ф1 првенството.

- Оглас -

Најнови вести