11.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Се одигра само едно коло во ЛШ, а нив им се дава 0 отсто шанси да одат во нокаут-фаза

Каират Алмати е еден од трите дебитанти кои сезонава се дел од елитната Лига на шампиони. Уште во првото коло Каират Алмати испиша историја, откако патувањето во Лисабон е најдолго во историјата на европските натпреварувања на УЕФА. Тие поминаа над 7000 километри со авион за да стигнат од Алмати во Лисабон.

Резултатски Каират Алмати не помина добро против Спортинг затоа што загуби со 4:1. Освен овој меч, во првото коло се одиграа вкупно 18 средби, а веќе е направена калкулацијата за тоа екипите какви шанси имаат да бидат во Топ 8 на табелата на крајот или да бидат меѓу првите 24, со што би обезбедиле најмалку уште два меча во нокаут-фазата.

Според тие калкулации, на Каират Алмати му се даваат 0,4 отсто шанси дека може да биде меѓу најдобрите 24 екипи на крајот од лигашниот дел. Тоа е убедливо најмал процент кој некогаш еден клуб го добил само по едно одиграно коло.

Европските гиганти Арсенал, Ливерпул, Барселона, Реал Мадрид, Манчестер сити, Интер, Баерн Минхен и ПСЖ се топ фаворити за пласман меѓу најдобрите осум на крајот од лигашкиот дел, односно осум одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести