Веднаш по објавувањето на видеото во кое Јирген Клоп изјави дека на крајот од сезоната си заминува од Ливерпул, сите медиуми започнаа со шпекулациите кој ќе биде наследник на Германецот и сите сметаат дека има само едно логично решение.
Според медиумите, Чаби Алонсо ќе биде тренер на Ливерпул од следната сезона. Алонсо прави чуда со Баер Леверкузен во Бундеслигата. Фармацевтите се единствен тим во петте најсилни европски лиги кои сè уште немаат пораз, а во договорот со германскиот тим има специјална клаузула според која може да си замине доколку го побараат екипите во кои настапувал како играч, тоа се Реал Мадрид, Баерн Минхен и Ливерпул.
Откако медиумите започнаа со шпекулациите, се огласи и самиот Алонсо.
„Шпекулациите се нормални, но јас сум фокусиран на Баер. Среќен сум во Леверкузен со своите играчи во овој момент“, изјави Алонсо.
Xabi Alonso says he’s not thinking about the ‘next step’ and enjoying his time at Leverkusen. pic.twitter.com/ZJg4KvaQ8h
— LFC Transfer Room (@LFCTransferRoom) January 26, 2024