Се огласи Барселона по упадот на полицијата: Соработуваме со органите

По упадот на полицијата во просториите на Барселона утрово, се огласи моменталната управа на шпанскиот гигант преку официјално соошштение, во кое се вели дека клубот ќе соработува со органите со цел да се реши случајот околу аферата „Барсагејт“.

„По упадот на полицијата на „Камп ноу“ по налог на судот кој се занимава со случајот околу договарање услуги на социјалните мрежи, Барселона понуди соработка со полициските и судските органи со цел да се разјаснат фактите кои се предмет на оваа истрага. Информациите и документацијата кои ги бара полицијата се строго ограничени на фактите кои се однесуваат на овој случај. Барселона ги почитува сите правни постапки и претпоставки на невините луѓе кои се најдоа во процесот“, стои во соопштението на Барселона.

Во меѓувреме, приведен беше некогашниот претседател Жосеп Марија Бартомеу, извршниот директор Оскар Грау, како и две лица од правниот сектор на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести