Се огласи фудбалерот чиј дрес Меси „го газеше“ во соблекувална: Добро знам каков човек е Лео

Аргентина со 2:0 го победи Мексико, дуел по кој капитените на двете селекции, Лионел Меси и Андреас Гвадрадо, си ги заменија дресовите. По средбата се појави видео од соблекувалната на Аргентина како слави победничкиот тим, а во еден момент се гледа како Меси „го шутира и го гази“ дресот добиен од Гвадрадо.

По ова видео, веднаш со реакција и закана се јави познатиот мексикански боксер Канело Алварез, кој му се закани на Меси дека доколку го види, ќе биде „готов“. Потоа Серхио Агуеро застана во одбрана на Меси, објаснувајќи дека во целата ситуација нема ништо лошо.

На крајот, со реакција се огласи и капитенот на Мексико, Гвадрадо, чиј дрес беше на подот во соблекувалната на Аргентина.

„Добро знам каков човек е Меси. Сите екипи имаме договор со економите за тоа дресовите кои се полни со пот да ги оставаме на подот, без разлика дали тоа се нашите дресови или на оние со кои сме се замениле. Слушнав што рече Канело, но тој нема поим што се случува во соблекувалната. Целата оваа ситуација за мене беше голема глупост. Тоа беше мојот дрес и јас се сменив со Меси. Тој не го направи тоа намерно и глупост е да се рече дека намерно го фрлил на подот, па уште и дека го газел. Меси не е таков човек“, е реакцијата на Гвадрадо.

- Оглас -

Најнови вести