Се огласи фудбалерот за кого имаше минута молк: „Морав да се напијам една ракија“

По бизарната ситуација која се случи во Бугарија, кога пред почетокот на мечот помеѓу Арда и Левски имаше минута молк во чест на наводно починатиот поранешен фудбалер на домашните, во јавноста со своја изјава се јави и оној за кого имаше минута молк.

Петко Ганчев е жив, раководството на Арда се извини за погрешната информација, а фудбалерот за медиумите раскажа што се случило.

„Дојдов дома од работа, сопругата ме дочека во солзи. Петко, Петко, на телевизија објавија дека си умрел. Се слушнав веднаш и со пријателите, не беше воопшто пријатно. Стресно е кога ќе ве погребаат жив. Кога ја слушнав тажната вест, морав да се напијам една ракија“, рече Ганчев.

- Оглас -

Најнови вести