Се огласи Хамилтон: „Да го возам црвениот болид на Ферари е остварување на детскиот сон“

Голема прашина се крена околу трансферот на Луис Хамилтон од Мерцедес во Ферари, а сега со изјава се јави и самиот возач, кој вели дека конечно му се остварил детскиот сон.

– „Ова беа неколку луди години исполнети со емоции. Но, после 11 неверојатни години во Мерцедес, време е да започнам ново поглавје во животот и од 2025-тата да се придужам на Ферари. Се чувствувам горд бидејќи со Мерцедес направивме работи за кои можев само да сонувам, но сега имам шанса да исполнам уште еден детски сон, да го возам црвениот болид на Ферари.“ – вели Луис Хамилтон.

- Оглас -

Најнови вести