Се огласи и Инфантино: „Одлуката на судот нема да смени ништо!“

Одлуката на судот со која беше дозволено формирањето на Суперлигата, односно со која се ограничи монополот на УЕФА и ФИФА, предизвика вистински земјотрес во светот на фудбалот. Првпат по носењето на одлуката, со свој став се јави и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој се чини дека не е премногу загрижен за одлуката на судот.

„Со најголема почит кон Европскиот суд на правдата, денешната пресуда не менува ништо. Историски гледано, ние ги организиравме најдобрите натпреварувања во светот и ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина. Ќе продолжиме да ги организираме најспектакуларните, најкомпетитивните и најзначајните натпревари во светот и ќе ги користиме нашите приходи за развој на фудбалот во секој агол на планетата преку програми за солидарност кои обезбедуваат помалку привилегирана корист од овие натпревари на високо ниво. ФИФА ќе продолжи да го прави ова како и секогаш, во тесна соработка со нашите асоцијации, членки, конфедерации и сите фудбалски чинители за ексклузивна корист на нашата игра – на глобално ниво. Сите заедно“, вели Инфантино.

- Оглас -

Најнови вести