Поранешниот голман на Еурофарм Пелистер, Филип Ивиќ, само две недели откако направи трансфер во Војводина, заработи отказ, откако присуствуваше на концертот на Марко Перковиќ – Томпсон во Загреб. Од Војводина се огласија со соопштение и го отпуштија Хрватот, откако како што велат, присуствувал на усташки собир во Загреб.
Сега со изјава во јавноста излезе и самиот ракометар, кој потенцира дека нема ништо спорно во неговото присуство на концертот на Томпсон, но ја прифаќа одлуката на РК Војводина.
„Воспитан сум да го сакам своето, но и да го почитувам туѓото. Во мојата кариера имав чест да бидам во иста екипа со играчи со сите нации, сите вери и сите политички убедувања. Се натпреварувавме само и исклучиво само на терен, во духот на ферплејот, а надвор од терените бевме неразделни. Вечерта за мене беше посебно емотивна, бидејќи на овој концерт бев без мојот најдобар пријател, Никола Покривач, кој неодамна трагично го загуби животот, како репрезентативец ги славевме победите на Хрватска со стиховите на ‘Убава си ти’ заедно со граѓаните на цела Хрватска. Секоја негативна интерпретација на моето појавување на концертот, освен уживањето во песните, кои ги поврзуваат 500.000 луѓе и оддавање почит на мојот пријател – е неоснована. Секако, го почитувам правото на мојот сега веќе поранешен клуб да носи одлуки во склад со нивните проценки. На моите поранешни соиграчи со кои воопшто и не заиграв, како и на мојот поранешен клуб, РК Војводина, од срце им посакувам секое добро и успех на спортскиот терен. Продолжувам да тренирам, да се бора за спортските вредности и во духот на олимпизмот, како и досега во мојата професионална кариера – да бидам спортист со отворено срце и ум. Ова ќе биде моето единствено појавување во јавноста на оваа тема. Ја сакам мојата татковина, мојот народ и мојата вера.“ – напиша Илиќ на социјалните мрежи.