Роденденската прослава по повод 18-тиот роденден на Ламин Јамал сè уште е главна тема во Шпанија. На адресата на младиот фудбалер стигнаа голем број критики, а во негова одбрана се јави и Мунир Насрауи, таткото на Ламин Јамал.
„Мојот син е пример за многу деца. Ништо лошо не направи. Луѓето ќе умрат од љубомора. Ако нешто погрешил, јас прв ќе реагирав. Но, не погреши. Ако некој мисли така, нека оди на суд, нека поднесе пријава. Оние кои го навредуваат, прво нека се погледнат во огледало. Тој сè уште е дете. Има право да се радува и да слави. Не можеме да му забраниме само дека е популарен. Ако ја преминал границата, постојат инситуции кои ќе реагираат. Но, повторно ќе кажам: Не направи ништо погрешно. Тој се обидува да биде пример за другите, не само за себе. Треба да се гордееме со него, а не да го критикуваме“, вели таткото на Ламин Јамал, Мунир Насрауи.