Се огласи најголемиот критичар на Ѓоковиќ: Новак не смее да чека и мора уште сега да се повлече

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повеќе од извесно и оваа година нема да игра на турнирите што се одржуваат во САД поради одлуката на Вашингтон да забрани влез во земјата на невакцинирани лица, па поради тоа се огласи и најголемиот критичар на Ноле, американскиот новинар Бен Ротенберг.

Поради зголемиот број позитивни случаи на ковид-19 во Кина, Вашингтон стравува од ширење на корона-вирусот и одлучи до 10 април да ја остави на сила забраната за влез на невакцинирани странски државјани во земјата.

Тоа значи дека Ѓоковиќ сигурно ќе ги пропушти првите два турнири од мастерс серијата 1000 што во март треба да се игра во САД, и тоа во Индијан Велс и во Мајами.

По ваквата одлука на Вашингтон, се огласи тенискиот новинар Бен Ротенберг, кој често го критикува Новак поради неговите постапки и ставови и му порача на тенисерот уште сега да се откаже од настап во Индијан Велс и Мајами.

„Се надевав дека вакцинацијата нема да игра улога во машкиот тенисер годинава, но… Одлуката на Вашингтон да ја продолжи забраната јасно укажува дека Ѓоковиќ не би требало да се пријави и да чека објавување на ждрепката за да се повлече“, порача Ротенберг.

- Оглас -

Најнови вести