Се огласи Роналдо, сè е во ред со неговата мајка

Кристијано Роналдо преку својот твитер-профил се огласи околу состојбата на неговата мајка Долорес, која утрово претрпе мозочен удар. Португалската мегаѕвезда утрово веднаш се упати кон родниот град Мадеира за да ја посети мајка му, по што се очекува да не присуствува на утрешниот меч меѓу Јувентус и Милан во Купот на Италија.

Долорес се покажа како голем борец бидејќи е надвор од животна опасност, а во минатото веќе водеше битка со рак на дојката. Роналдо донесе убави вести, но бара приватност во овој период.

„Ви благодарам на поддршката за мојата мајка. Таа моментално е во стабилна состојба и закрепнува во болница. Јас и моето семејтво би сакале да се заблагодариме на медицинскиот тим кој се грижи за неа, а убаво би ве замолил да ни дадете мир и приватност во овој период“, напиша Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести