Се огласи Трајковски после деби-голот: “Сега одиме уште посилно“ (Фото)

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски, го постигна својот деби погодок за екипата на Хајдук, и тоа гол за победа од 1-0 над екипата на Рудеш. Сплитски Хајдук со овие три бода се израмни на врвот од табелата во хрватското првенство со ист број на поени како и Ријека.

Сосема заслужено, Трајковски, е задоволен од прикажаното, а тоа го сподели и со своите фанови на социјалните мрежи.

– “Тимска победа и важни три бода. Среќен сум за мојот прв гол за овој клуб. Сега одиме понатаму уште посилно.“ – напиша Трајковски.

- Оглас -

Најнови вести