Се огласија од Ливерпул: „Скрешени сме од тага!“

Откако беше објавено дека во страшна сообраќајна несреќа во Шпанија загинаа фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре, со соопштение се огласија и од таборот на „црвените“.

„Скршени сме од тага од трагичното загинување на Диого Жота. Клубот е известен дека 28-годишниот Жота починал после сообраќајна несреќа во Шпанија, заедно со својот брат Андреа. Нема да даваме дополнителни коментари во овој момент и ве замолуваме да се почитува приватноста на семејствата на Диого и Андреа, нивните пријатели, соиграчите и членовите на клубот додека се обидуваат да ги прифатат овие незамисливи загуби. Ќе продолжиме да им ја даваме нашата комплетна поддршка.“ се вели во соопштението на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести